Достапни линкови

Нова жртва на грип во Македонија, 39 лица се хоспитализирани


Комисијата за пандемски грип информира дека од Клиниката за инфективни болести во Скопје е добиена потврда за починат 64-годишен пациент, кој на Клиниката бил хоспитализиран на 18 март со зголемена температура, треска, отежнато дишење, кашлица и општа изнемоштеност. Пациентот, соопшти Министерството за здравство, претходно боледувал од кардиоваскуларни заболувања, поради што дошло до нагло влошување на состојбата и вчера била констатирана смрт. Пациентот бил клинички пријавен како грип и за сега нема лабораториска потврда за типот на вирусот. На Клиниката за инфективни болести во изминатото деноноќие амбулантски биле прегледани шест пациенти со симптоми на грип, од кои тројца биле хоспитализирани и таму во моментот болнички се лекуваат 39 лица со докажана или со суспектна инфлуенца.
XS
SM
MD
LG