Достапни линкови

Чеку: Косовските безбедносни сили во 2013 година ќе станат војска


Агим Чеку

Агим Чеку

Министерот за Косовските безбедносни сили Агим Чеку денеска изјави оти Косово во 2013 година ќе има своја одбранбена вооружена формација, како армиите во регионот. „Не можеме да направиме значителни промени пред 2013 година, но ќе ги направиме сите подготовки, сите студии и ќе го осмислиме новиот состав на воените сили во Косово“ рече Чеку. Тој додаде дека до крајот на годинава Косовските безбедносни сили бидат оперативни, а потоа ќе следи создавање на рамка и подготовка за трансформација во формација под името одбранбени сили. Чеку упати критика кон ЕУЛЕКС поради минатонеделното апсење на припадниците на поранешната Ослободителна војска на Косово.
XS
SM
MD
LG