Достапни линкови

Спроведени кабли до реакторите, но нема струја во Фукушима


Третиот реактор од нуклеарката во Фукушима

Третиот реактор од нуклеарката во Фукушима

Јапонските инженери поврзаа струјни кабли до шестте нуклеарни реактори во централата во Фукушима денеска во најнов обид за рестартирање на системите за ладење на јадрата. Сепак, останува уште многу работа додека да се спроведе струја до системите, предупредија од јапонската компанија за електрична енергија. Утрово еден од реакторите повторно почна да чади од магацинот за нуклеарно гориво, по што се интензивираа напорите за избегнување на зголемено нивото на радијација. Зрачењето околу објектот веќе достигна опасни нивоа.
XS
SM
MD
LG