Достапни линкови

Турција бара интервенцијата во Либија да остане иницијатива на ОН


Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу го повтори отпорот на Турција против мешањето на НАТО во Либија, и изјави дека операцијата треба да остане иницијатива на Обединетите нации. „Либиската операција треба да се остварува под покровителство на ОН и организацијата треба да носи одлуки“ рече Давутоглу, додавајќи дека операција под покровителство на светската организација им остава можност на одделни земји да изберат дали да учествуваат во интервенцијата или не. Шефот на турската дипломатија изјави и дека Турција никогаш нема да го насочи оружјето против своите либиски браќа.
XS
SM
MD
LG