Достапни линкови

Забрана за влез на службеници од ЕУ и САД во Белорусија


Белоруските власти од денеска ќе им забранат влез на службеници на Европската унија и Соединетите американски држави во земјата, како одговор на заострените критики и санкциите од западот. Европската унија минатата недела ја прошири листата на лица на кои им е забрането да патуваат во европските земји. На списокот се додадени имињата на обвинители и судии кои се инволвирани во случаите против членови на белоруската опозиција, обвинети за предизвикување немири и протести по претседателските избори во Декември минатата година. Министерството за надворешни работи во Минск соопшти дека Белорусија реагира на санкциите со предлагање на сопствена листа на лица кои не смеат да влезат во земјата. На списокот, кој за сега не е обелоденет, „се ставени лица кои преземале деструктивни мерки против Белорусија“ се наведува во денешното соопштение.
XS
SM
MD
LG