Достапни линкови

Гејтс во Русија ги брани постапките на коалицијата во Либија


Роберт Гејтс во Москва

Роберт Гејтс во Москва

Меѓународната коалиција која врши воздушни напади врз Либија дава се` од себе за да избегне цивилни жртви, изјави денеска американскиот државен серетар за одбрана Роберт Гејтс при посетата на Русија. Денеска тој треба да се сретне со рускиот претседател Димитриј Медведев, но за сега нема официјални планови за средба со премиерот Владимир Путин. Во понеделникот рускиот премиер ги осуди нападите на коалицијата врз северноафриканската земја, споредувајки ја интервенцијата со „средновековните повици за крстоносни походи“.
XS
SM
MD
LG