Достапни линкови

Милошоски утре во официјална посета на Холандија


Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски утре ќе оствари работна посета на Кралството Холандија. За време на посетата предвидени се средби со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Ури Розентал и со генералниот директор за европска соработка Роберт де Хроот. На средбата со неговиот колега Розентап, како што соопшти МНР, ќе стане збор за начините на продлабочување и унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете земји во областите од заеднички интерес.
XS
SM
MD
LG