Достапни линкови

logo-print

Авион на САД се урнал во Либија, нема жртви


Американски борбен авион се урнал во Либија за време на операциите за затворање на воздушниот простор над северноафриканската земја, соопштија од Афрканската команда на Соединетите американски држави. Дваjцата пилоти на леталото марка Ф-15Е биле спасени денеска, на четвртиот ден од воената офанзива на западните земји. Станува збор за несреќа која била предизвикана од технички проблем на авионот, соопштија од Американската војска. Моделот Ф-15Е е тактичко летало, способно да ја пробие звучната бариера и да фрла 12 тонски бомби.
XS
SM
MD
LG