Достапни линкови

Како до странски инвестиции?


Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје

Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје

Се наметнува потреба од менување на политиката за привлекување на странски инвестори, бидејќи сегашната се покажа како неуспешна, велат и бизнисмените и економистите.

Некои од Стопанските комори оценуваат дека треба да се менува политиката за привлекување странски инвестиции зошто досега не се покажала како успешна. Други нивни колеги даваат поддршка за продолжување на политиките кои се применуваат. Митко Алексов од Сојузот на Стопански комори се залага, важност да се даде на зголемување на конкурентноста на земјава. Поради тоа тој го подржува подобрувањето на бизнис климата, на
Значи функционирање на правната држава, потоа да се продолжи со реформите во јавната администрација која би била сервис, во делот на инфраструктурата да се завршат започнатите работи железницата до Бугарија, патот кон Косово, коридорот 8 кон Албанија со што би имале излез на
море.
инфраструктурата и на работната сила, кои како што оценува, се главни фактори кои придонесуваат дали компаниите ќе инвестираат.

„Значи функционирање на правната држава, потоа да се продолжи со реформите во јавната администрација која би била сервис, во делот на инфраструктурата да се завршат започнатите работи железницата до Бугарија, патот кон Косово, коридорот 8 кон Албанија со што би имале излез на море, за да не бидеме зависни само од солунското пристаниште со кое имаме одредени проблеми во последно време.“

Професор Сашо Арсов од Економскиот факултет во Скопје укажува на проблемите во судстсвото, со спорови и долги процедури за разни договори што треба да се постигнат, и како што оценува, прилично се уште големата корупција. Освен подбрувања на мерките од неекономска природа, тој проценува дека и начинот на кој се одвива политичката ситуација не одговара како амбиент за инвеститорите:

Илустрација: Фабрика

„Во основа тие бараат политичка и економска стабилност. Не само што тековните настани се такви, туку и подолгорочно имаме ситуација и на меѓународни проблеми, и тоа е сигурно нешто што не ги привлекува.“

Влезот во НАТО и во ЕУ носат инвеститори, но има многу држави што не се членки, а имаат голем влез на странски капитал, вели Блерим Златку од
Во основа тие бараат политичка и економска стабилност. Не само што тековните настани се такви, туку и подолгорочно имаме ситуација и на меѓународни проблеми, и тоа е сигурно нешто што не ги
привлекува.
Стопанска комора на северозападна Македонија. Тоа што треба да биде различно во споредба со другите земји е политиката која што треба да ја гради самата влада за привлекување на странските инвестиции. Досега оваа политика не се покажа успешна и затоа треба да се промени, изјави Златку:

„Не дека се работи дека не е атрактивна, туку таа во моментот се наоѓа во една конкуренција со земјите од регионот и тука неможе да добие затоа што и земјите од регионот ги нудат истите услови што и ние ги нудиме. Наместо инвеститорот да оди во Србија треба да дојде во Македонија, е сега што треба да се направи за тоа, тоа е политиката."

Во Министерството за економија велат дека владата работи на повеќе проекти за да се подобри состојбата преку иновациска политика за Македонија да стане поконкурентна. Народната банка објави дека Македонија 2010 година ја завршила со 221 милион евра странски инвестиции.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG