Достапни линкови

Хаг - Да се вратиме на состојбата од пред Букурешт


Македонската делегација пред почетокот на изложувањето на аргументите во Меѓународниот суд на правдата
Македонската делегација пред почетокот на изложувањето на аргументите во Меѓународниот суд на правдата

Утврдувањето на прекршувањето на Времената спогодба ќе има ефект, и на Македонија ќе и овозможи да биде кандидат за членство во НАТО и притоа да не мора да се соочи со противењето на Грција - став на македонскиот правен тим.

Јасно е дека Судот не може да и наметне на Грција да ја промени одлуката на НАТО. Тужителот не го бара тоа. Бараме да се утврди дека дека тужената страна го прекршила членот 11 од Времената спогодба. Ова денеска го изјави белгискиот професор Пјер Клајн, кој е член на македонскиот правен тим, објаснувајќи ја тужбата на Македонија против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Јавната расправа по тужбата почна вчера. Македонија ја тужи Грција дека со ветото на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година ја прекршила Времената спогодба, според која Грција нема да го попречува членството на Македонија во меѓународни организации под привремената референца „поранешна југословенска Република Mакедонија“.
Клајн вели дека состојбата треба да се врати на моментот пред грчкото вето во НАТО. Тој посочува дека утврдувањето на прекршувањето на Времената
На крајот ќе може, кандидатурата за членство во НАТО да се разгледува без никакви вмешување на какви било други прашања што тужената страна би можела да ги покрене. Со ова несомнено се потврдува дека одлука на Судот во овој случај навистина би имала правен ефект.
спогодба ќе има ефект, и на Македонија ќе и овозможи да биде кандидат за членство во НАТО и притоа да не мора да се соочи со противење на зачленувањето.

„На крајот ќе може, кандидатурата за членство во НАТО да се разгледува без никакви вмешување на какви било други прашања што тужената страна би можела да ги покрене. Разликата, сигурен сум ќе се согласите, е многу значајна. Со ова несомнено се потврдува дека одлука на Судот во овој случај навистина би имала правен ефект“, вели белгискиот професор Пјер Клајн, кој е дел од македонскиот правен тим.

Претседателот на Меѓународниот суд на правдата Хисаши Овада

Тој вели дека Македонија не бара од Судот на учествува во политички процес, туку само да донесе одлука за правно прашање.

Американскиот професор Шон Марфи, кој исто така е дел од македонскиот тим, нагласува дека Грција може да приговара на зачленувањето на Македонија во меѓународни институции, но само ако не се употребува привремената референца. Во случајот со НАТО, тоа не беше случај, вели тој.
Марфи го побива тврдењето на Грција, дека одлуката да не се прими Македонија под привремената референца е на НАТО, а не на Грција.

„Во различни нацрт-верзии на Времената спогодба навистина беа користени
ни една од формулациите, како „да не отежнува“(not to hamper) или „да не попречува“(not to impede), не укажуваат на тоа дека користениот термин „да не приговара“(not to object) значи исклучиво да не гласа формално против. Напротив, различните формулации се наменети да ја опфатат едноставната и ефикасна идеја, тужителот да не ја користи својата позиција како член на меѓународни организации да се противи(to oppose) на приемот на
тужителот.
различни зборови, но ни една од формулациите, како „да не отежнува“(not to hamper) или „да не попречува“(not to impede), не укажуваат на тоа дека користениот термин „да не приговара“(not to object) значи исклучиво да не гласа формално против. Напротив, различните формулации се наменети да ја опфатат едноставната и ефикасна идеја, тужителот да не ја користи својата позиција како член на меѓународни организации да се противи(to oppose) на приемот на тужителот“, објаснува американскиот професор Шон Марфи.

Марфи потсети дека пред потпишувањето на Времената спогодба, Грција го блокираше зачленувањето на Македонија во Советот на Европа и во ОБСЕ. Со потпишувањето на Времената спогодба Грција престана да се противи на зачленувањето во овие организации и тоа и треба да продолжи, кога се користи референцата, вели Марфи.

По денешната презентација на македонските аргументи, грчката страна ќе ги изложи своите контрааргументи на 24 и 25 март. Во втората фаза на 28 март тимот што ќе ја претставува Македонија ќе има можност устно да одговори на одбраната на Грција, а јавната расправа ќе биде заокружена на 30 март со завршниот збор на грчката страна.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG