Достапни линкови

Михали Бала - Скопје и Атина да ги продолжат преговорите во ОН


Будимпешта

Будимпешта

Македонија направи огромни напори околу евроатлантските интеграции и е жално што тие се уште не даваат плод. Унгарското претседателство со ЕУ е подготвено да предложи датум за почеток на преговорите доколку има напредок во прашањето за името.
Ова во интервју за МИА го изјави претседателот на Комитетот за надворешни работи во унгарскиот Парламент Михали Бала, кој денеска е во посета на македонското Собрание.
Тој смета дека процесот за изнаоѓање на заемно прифатливо решение за името меѓу Скопје и Атина треба да продолжи во Обединетите нации се додека постои каква било шанса за договор и оти амбасадорот Метју Нимиц веќе понудил серија можни решенија.
XS
SM
MD
LG