Достапни линкови

Лидерска средба кај претседателот Иванов


Денеска попладне е закажана нова средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и НД, Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Имер Селмани кај претседателот на Македонија Ѓорге Иванов. Претходната Лидерската средба кај Иванов што се одржа во неделата заврши без договор, но лидерите на политичките партии оценија дека бил постигнат напредок.Условно прифатени се две барања на СДСМ, кој и натаму ќе го бојкотира Парламентот додека не бидат исполнети сите барања. Груевски изјави дека во фокусот на разговорите биле четирите барања на СДСМ.
XS
SM
MD
LG