Достапни линкови

Турција од НАТО бара појаснување за Либија


Турција бара разјаснување за плановите на НАТО во Либија и проценува дека начинот на кој беше составена коалицијата против оваа земја не одговара на меѓународните норми, посочи турскиот министер за надвошни работи Ахмет Давутоглу. „Ние поставивме законски прашања за време на вчерашната средба. Немавме за цел да го спречуваме процесот“ изјави Давутоглу. Турција, која е членка на НАТО, вчера побара од другите земји од Алијансата повторно да ги разгледаат плановите за евентуална интервенција, истакнувајќи дека бомбардирањето на меѓународната коалиција ја промени состојбата и дека треба да се заштитат либиските цивили.
XS
SM
MD
LG