Достапни линкови

Хаг - Караманлис го призна ветото од Букурешт


Македонската делегација во Меѓународниот суд на правдата

Македонската делегација во Меѓународниот суд на правдата

Прв ден од јавна расправа во Меѓународниот суд на правдата во Хаг за тужбата на Македонија против Грција поради прекршување на Времената спогодба со ветото во Букурешт. Расправата продолжува денеска

Во Палатата на правдата, во Хаг, денеска продолжува јавната расправа по тужбата на Република Македонија против Република Грција во врска со примената на Времената спогодба потпишана од двете држави од 1995 година.

„Овде не бараме решение на спорот за името. Бараме само да се почитува привремената спогодба – ништо повеќе и ништо помалку“,

изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во воведното излагање, на почетокот на јавната расправа пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Македонија ја тужи Грција дека со ветото на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година ја прекршила Времената спогодба, според која Грција нема да го попречува членството на Македонија во меѓународни организации под привремената референца „поранешна југословенска Република Mакедонија“.

Милошоски рече дека Македонија активно учествува во преговорите за решавање на спорот за името под покровителство на ОН и потсети дека во 2008 година владата го прифатила предлогот на посредникот Метју Нимиц - Република Македонија(Скопје).

„Во март 2008, непосредно пред Самитот на НАТО во Букурешт, мојата земја го прифати предлогот на господинот Нимиц и изразивме подготвеност да го ставиме предлогот на референдум. За жал, предлогот беше одбиен од тужената страна. Наместо тоа и во спротивност со Времената спогодба, тужената страна се спротивстави на поканата за мојата земја да му се приклучи на НАТО“, вели Милошоски.
Повеќе од пет децении, значи повеќе од 50 години, тужената страна немаше приговори на името на тужителот.

Британскиот професор Филип Сендс, кој е дел од македонскиот правен тим, потсети на историјата на создавањето на македонската држава од 1944 година. Државата се викаше Демократска Македонија, па Народна Република Македонија, па Социјалистичка Република Македонија како дел од СФРЈ и Република Македонија по прогласувањето на независноста во 1991 година, вели Сендс.

Архивска фотографија: Судии влегуваат во судницата на Меѓународниот суд на правдата во хаг

„Повеќе од пет децении, значи повеќе од 50 години, тужената страна немаше приговори на името на тужителот“, вели Сендс.

Американецот Шон Д. Марфи, кој исто така е дел од македонскиот тим, рече дека нема докази дека некоја друга држава, освен Грција се противела на членството на Македонија во НАТО.

„На крајот на 2007 и на почетокот на 2008 година, тужената страна водеше жестока и систематска кампања против членството на Македонија во НАТО, само поради тоа што се уште не беа решени разликите околу името“, вели Марфи.

Како доказ, тој користеше интервјуа на поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани во кои таа се заканува дека без разлика на
Поради грчкото вето, ФИРОМ не се придружува на НАТО. Им кажав на сите, на секој можен начин, дека неуспехот да се реши спорот за името ќе го попречи нивното зачленување во Алијансата. Тоа и го направив.
Времената спогодба, Грција ќе си ги штити националните интереси. Марфи цитираше дел од говорот на тогашниот грчки премиер Костас Караманлис од април 2008 година, веднаш по завршувањето на Самитот на НАТО во Букурешт.

„Едногласно беше одлучено дека Албанија и Хрватска ќе пристапат кон НАТО. Поради грчкото вето, ФИРОМ не се придружува на НАТО. Им кажав на сите, на секој можен начин, дека неуспехот да се реши спорот за името ќе го попречи нивното зачленување во Алијансата. Тоа и го направив“, рече Марфи, цитирајќи дел од говорот на Караманлис по Самитот на НАТО во Букурешт.

Македонскиот тим и утре ќе продолжи со изнесување на своите аргумнти. Грчката страна треба да ги презентира контра-аргументитена 24 и 25 март. Во втората фаза, на 28 март тимот што ќе ја претставува Македонија ќе има можност устно да одговори на одбраната на Грција, а јавната расправа ќе биде заокружена на 30 март со завршниот збор на грчката страна.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG