Достапни линкови

Грција со „избалансирана позиција“ во однос на Либија


Димитрис Друцас (десно)

Димитрис Друцас (десно)

Грција нема директно да учествува во воената операција против Либија, но им дава поддршка на своите сојузници во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која неодамна беше усвоена, за да се запре насилството во оваа африканска држава. Во интервју за една локална ТВ станица министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас изјави дека неговата земја застана зад „избалансирана позиција“ и дека Грција не учествува во операции од воена природа. Но, во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност и претходно договорените обврски Атина на своите сојузници им дава логистичка поддршка, рече тој.
XS
SM
MD
LG