Достапни линкови

logo-print

Целта е да се заштитат жителите на Либија, тврдат од командата на САД


Либија, денеска

Либија, денеска

Нашата мисија е да ги заштитиме цивилите од пешадиски напади на либијските сили, изјави денеска Генералот Картер Ф. Хам од американската војска, кој дополни дека силите на коалицијата која ги организира воздушните напади на Либија за сега немаат формална комуникација со бунтовниците. Генералот изјави дека целта на коалицијата е да ги заштити жителите на Либија а не да го подржи опозициското движење. Приоритет е да се избегнат жртви, рече Хам и дополни: „ Не знам многу за локацијата на либијскиот лидер нити пак вложивме напори за да го пронајдеме. Се трудиме за намалување на воената способност на либијската војска, акција која се одвива со успех“. Претходно, британскиот премиер Дејвид Камерон ја исклучи можноста од окупациска инвазија на северноафриканската земја, појаснувајки дека целта на коалицијата е да го охрабрат спроведувањето на резолуцијата на Обединетите нации. Инаку, останува отворена можноста за проширување на реонот во кој ќе биде забрането прелетување на Либија. Забраната би можела да се прошири јужно и северно од градот Масрата кој се наоѓа во западниот дел на земјата.
XS
SM
MD
LG