Достапни линкови

Само три нови вработувања во битолската болница


Медицински Центар Битола

Медицински Центар Битола

И покрај тоа што персоналот во битолската болница старее, од најавените над 200 вработувања, само тројца доктори ќе бидат примени во оваа здравствена институција.

Конкурс за само три вработувања на лекари е распишан за битолската болница од 217- те доктори кои според најавите на Министерството за здравство ќе се вработат во јавното здравство во земјава. Оваа бројка е многу мала со оглед на тоа дека постоечкиот лекарски кадар старее, па за десетина години се очекува дел од болничките одделенија да останат без
Приоритети добија оние институции кои се во оформување, пред се новата градска болница во Скопје и сите оние каде во тек е првата фаза на реконструкција односно привршуваат со предавање во официјална
употреба.
специјалсисти. Ваквите податоци алармираат дека потребно е што поскоро вработување на лекари за да можат да специјализираат и навреме да ги заменат колегите кои ќе заминат во пезнија. Според заменик-министерот за здравство, Владо Поповски, ќе следуваат и други вработувања, но во почетокот се дал приоритет на други болници.

„Приоритети добија оние институции кои се во оформување, пред се новата градска болница во Скопје и сите оние каде во тек е првата фаза на реконструкција односно привршуваат со предавање во официјална употреба. Битолската клиничка болница е во втора фаза за комплетна реконструкција, па по дополнувањето со опремата од инвестицискиот циклус тогаш ќе бидедополнет овој број на лекари“, изјави Поповски.

Од септември се очекува болницата да ја добие опремата од инвестицискиот цилкус, па потоа да следуваат и нови вработувања.

„Битола како значаен регионален центар сигурно дека ќе биде пропритет во идното кадровско доекипирање. Ќе ги добие најквалитетните кадри како што
Битола како значаен регионален центар сигурно дека ќе биде пропритет во идното кадровско доекипирање. Ќе ги добие најквалитетните кадри како што и секогаш била една права фабрика на квалитетни кадри во сите сектори на медицинската
наука.
и секогаш била една права фабрика на квалитетни кадри во сите сектори на медицинската наука. И во иднина ќе гледаме така да продолжи, особено по доаѓањето на најсофистицираната опрема тој кадар ќе треба и брзо да се обучи“, изјави Поповски.

Битолската болница располага со 200 вработени специјалисти, а за десетина години повеќе од половина од нив ќе заминат во пензија. Најмалку пет одделенија ќе останат без соодветен лекарски кадар, а околу десет само со еден специјалист. Сега просечната возраст кај лекарскиот кадар е 51 година. Во радиус од 150 до 200 километри нема поголема болница од битолската, па услугите ги користат илјадници пацинети.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG