Достапни линкови

Одложена седницата за Избирачкиот список


Конститутивната седница на времената собраниска комисија за утврдување на состојбата во Избирачкиот список, што беше закажана за денеска, е презакажана за задутре поради отсуство на членовите на Комисијата од опозицијата. Ќе продолжиме в среда и очекуваме колегите од опозицијата да се вратат, изјави координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева. Денешното закажување на конститутивната седница пратениците од опозицијата го оценија како непотребна провокација од страна на парламентарното мнозинство и нарушување на позитивната атмосфера.
XS
SM
MD
LG