Достапни линкови

Бугарија ја критикува, Косово ја подржува странската воена интервенција во Либија


Либија, денеска

Либија, денеска

Воената интервенција во Либија е авантура, раководена од нафтените интереси, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов, појаснувајќи ја претпазливоста на Софија во подржувањето на операциите. „Ние не учествуваме од едноставна причина поради тоа што нема формулирано цели и начини како да се постигнат. Не би ги пуштил нашите пилоти во таква авантура“ рече Борисов, според кого нафтата и кој ќе ги експлоатира либиските нафтени полиња во најголем дел се интересите кои стојат зад оваа операција. Косовскиот претседател Беџет Пацоли,од друга страна, безрезервно ја поддржа воената интервенцијата. „Нападите на НАТО силите врз воени цели во Либија се еден хуманитарен чин во заштита на граѓаните на Либија, чии барања за слобода, демократија и просперитет наидоа на насилнички одговор на армијата на Гадафи“ изјави Пацоли, пренесува агенцијата АТА. По Албанија, според најавите од Приштина, косовскиот претседател ќе ја посети и Македонија. Во меѓувреме, во тек е втората фаза од воената операција во северноафриканската земја, со цел да се спречат силите на лидерот Гадафи, кои напаѓаа цивили и приврзаници на опозицијата како и да се обезбедат услови за почитување на забраната за надлетување на Либија.
XS
SM
MD
LG