Достапни линкови

Либиските власти ослободија четворица странски новинари


Либија денеска

Либија денеска

Либиските власти ослободија четворица новинари на весникот „Њујорк Тајмс“, соопштија од турската амбасада во Вашингтон денеска. Четворицата му биле предадени на турскиот амбасадор во северноафриканската земја и се очекува да бидат превезени во Тунис денеска. Силите лојални на лидерот Моамар Гадафи ги заробија новинарите минатата недела за време на судирите со бунтовниците во источниот дел на земјата. Инаку, во земјата во тек е втората фаза од странската воена интервенција, наменета за спречување на насилството врза цивили и приврзаници на опозицијата и создавање услови за почитување на забраната за надлетување на земјата.
XS
SM
MD
LG