Достапни линкови

Преиспитување на улогата на Меѓународната агенција за атомска енергија


Јукија Амано

Јукија Амано

Улогата на меѓународната агенција за атомска енергија треба да се преиспита, изјави денеска првиот човек на оваа организација на Обединетите нации Јукија Амано. Тој ги изнесе забелешките пред бордот на агенцијата по посетата на Јапонија, која беше со цел оценување на состојбата на нуклеарката во Фукушима. Ситуацијата со јапонската централа е критична, посебно откако денеска работниците беа евакуирани од објектот по појава на бел чад. Амано, пак, вели дека гледа „позитивни настани“ во целата ситуација и забележува дека агенцијата не може да интервенира поради нејзината советодавна улога.
XS
SM
MD
LG