Достапни линкови

Талер си поднесе оставка


Зоран Талер во Скопје

Зоран Талер во Скопје

Словенечкиот европратеник Зоран Талер поднесе оставка на функцијата пратеник во Европскиот парламент. Оставката доаѓа по корупцискиот скандал што вчера го објави британскиот весник Сандеј тајмс.

Весникот објави дека Талер и неговите колеги Адриан Северин од Романија и Ернст Штрастер од Австрија прифатиле да земат мито од 100 илјади евра од репортери на весникот што се претставиле како лобисти. Европратениците за тие пари требало да подготват амандмани во врска со финансиски реформи.

Во оставката на Талер тој наведува дека со овој потег сака да овозможи „без оптоварувања и пристисоци да се разгледаат сите факти и околности на овој обид за компромитација“.

„Во согласност со своите етички стандарди сакам вистината да излезе на виделина и да се покаже кој работел законски, а кој незаконски“, се наведува во оставката на Талер.

Европратеникот Штрасер си даде оставка уште вчера. Талер е и известувач за Македонија во Европскиот Парламент.

Оставката на Зоран Талер
XS
SM
MD
LG