Достапни линкови

Рускиот премиер Путин ја критикуваше воената интервенција во Либија


Владимир Путин

Рускиот премиер Владимир Путин денеска ја спореди резолуцијата на Обединетите нации за воена интервенција во Либија со средновековните крстоносни походи. Тој забележа дека владата на лидерот Муамар Гадафи не успеаала да демонстрира демократија, но тоа, според премиерот, не ја оправдува воената интервенција. Резолуцијата на Обединетите нации е „дефективна и фалична“ изјави Путин за време на посетата на руска фабрика за ракети. Лидерот додаде дека интервенциите во внатрешните работи на други земји се претворило во тренд во Соединетите американски држави. Русија е земја – членка на Советот за безбедност при ООН која го подржа затворањето на воздушниот простор над северноафриканската земја.
XS
SM
MD
LG