Достапни линкови

logo-print

Ѓонул: Македонија треба да биде дел од евроатланското семејство


Веџди Ѓонул

Веџди Ѓонул

Република Македонија треба да биде дел од евроатланското семејство, а тоа поради некој измислен проблем за името се уште и е оневозможено, рече министерот за национална одбрана на Република Турција Веџди Ѓонул на денешната прес-конференција со македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски во Анкара. Денешната средба, како што рече тој, е продолжение на разговорите што ги имал со Коњановски во декември минатата година во Македонија, а кои беа посветени на разгледување на можноста за соработка во воената индустрија. Министерот Коњановски рекол дека Турција е првата земја која пред НАТО алијансата кажа дека ја признава Македонија под уставното име.
XS
SM
MD
LG