Достапни линкови

logo-print

Интервју - Биљана Зафировска


Дали економските и политичките проблеми создадоа ксенофобичен Македонец?

Дали економските и политичките проблеми создадоа ксенофобичен Македонец?

За причините за отворено и јавно искажаното непријателство кон странците во Македонија, односно „губењето“ на познатиот гостопримлив Македонец, разговаравме со психијатар Биљана Зафировска. Стравот од загрозување на идентитетот создава ксенофобија, вели таа.



Во пораките на нашата веб страница се забележува невидена недоверба дури и непрителство и омраза спрема странските претставници во земјава. Каде е тука гостопримливиот и благ Македонец за кој што сите знаеме, зборуваме и се гордост го споменуваме тоа?

Гостопримливиот Македонец изгледа отиде во историјата кога беа убавите времиња, тогаш бевме отворени и за комуникација и за прифаќање на нешто ново, меѓутоа сега со оглед на економските состојби најверојатно доаѓа до еден страв од загрозување на идентитетот. Тој страв е социо-психолошки феномен кој се нарекува ксенофобија и претставува чувство на загрозеност, страв или омраза кон странци или кон нивните култури и политики, делумно и заради непознавање на истите и неинформираност. Всушност тоа е длабоко вкорената антипатија кон странци, ирационален страв од непознато, вклучувајќи го тука стравот од губење на идентитетот, преку сомнеж кон нивните активности, а во суштина е агресија насочена кон елиминација на непознатото за да се заштити сигурноста, воспоставениот систем на статус кво, бидејќи секоја рамнотежа тежнее да биде одржана и било каква опасност по границите на тој систем носи кон губење на енергија. Значи ксенофобијата е корен на етноцентризам, национализам и расизам и во екстремните форми може да носи кон изолација.

Дали тука имаат влијание и историските услови, дали може да зборуваме за некаков генетски елемент во ова однесување кај граѓаните на Македонија, со оглед на историските услови односно предуслови?

Македонците се мал народ кој релативно скоро го стекна својот идентитет кој уште не е ниту доволно изграден. Имаме историски момент на долговековно ропство, секогаш сме биле под капата на некоја друга држава и сега како новоформирана самостојна нација веројатно се обидуваме да си ги заштитиме своите граници и својот новоформиран идентитет. Инаку генетски стравот за непознато не е карактеристичен само за Македонците тоа е општо човечка појава и е карактеристичен и за децата, значи новороденчињата дури и тие имаат ксенофобија кон сите објекти кои не се нивната мајка па постепено вклучуваат и нови личности во својот живот.

Прашањето - Дали Владата дипломатски се однесува кон странските дипломати? - е тема во нашата рубрика Хајд Парк. Погледнете го видеото и коментирајте тука.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG