Достапни линкови

Македонско-грчко соочување во Хаг


Меѓународниот суд на правдата во Хаг
Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Во Судот на правдата во Хаг, денеска е првоти соочување во кое Македонија ќе ги изложи своите аргументи во тужбата против Грција.

Во тужбата, Македонија бара Судот да ги заштити нејзините права предвидени во Времената спогодба со што би се овозможило земјава да стане членка на НАТО и на ЕУ под привремената референца. Правниците тврдат дека Македонија има солидни аргументи за својата тужба.

Од грчка страна, според изјавите на портпаролот на грчкото МНР, Атина ќе се брани со тоа
По се изгледа одлуката под услов да биде позитивна според мое мислење, од правна гледна точка ќе биде беспредметна и како таква неизвршна.
дека Македонија е таа која прва ја прекршила Времената спогодба. Портпаролот Делавекурас неодамна кажа дека во процесот учествуваат со силни аргументи со кои ќе ја поткрепат својата позиција и дека се добро подготвени.

Според експертите, одлуката ќе мора да се почитува. Осман Кадриу, професор по правни науки, смета дека од аспект на прваната регулатива дискуталбилно е прво каква одлука ќе биде донесена, во смисла дали ќе биде прифатена нашата тужба дека навистина има повреда на Спогодбата или таква повреда не постои. Понатаму, Судот може да донесе одлука која ќе биде само декларативна, со која ќе се утврди дека има поврдеда, но тоа ќе остане само декларација без никаква обврска. Ако, пак, одлуката има конститутивно дејство тогаш Судот ќе предвиди обврска која треба да се исполни, вели Кадриу:

Македонија ќе ја застапува министерот за надворешни работи Антонио Милошоски

„Нејзиното извршување во краен случај значи да се ангажира и Советот на безбедност при ОН за преземање на конкретни санкции кон државата што не ги извршува одлуките на Европскиот суд на правда, во што се сомневам, така што по се изгледа одлуката, под услов да биде позитивна, според мое мислење, од правна гледна точка ќе биде беспредметна и како таква неизвршна.“
Политичкиот аспект сепак за нас ќе значи одредено право и национално и меѓународно, а посебно во спорот со Грција за името, а посебно во односот кон ЕУ и другите европски релевантни
структури.


Но, и таква одлука од политички аспект пак ќе значи одредена придобивка, вели тој:

„Политичкиот аспект сепак за нас ќе значи одредено право и национално и меѓународно, а посебно во спорот со Грција за името, а посебно во односот кон ЕУ и другите европски релевантни структури.“

Сепак, дипломатите потсетуваат дека декасудскиот процес не треба да се поврзува со преговорите за спорот за името кои се водат со посредство на медијаторот Метју Нимиц.

Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески изјави дека спорот за името треба да го реши дипломатијата, а дека овој процес нема битно да влијае, но може да ни помогне во натамошно барање на решение.

Одлуката треба да биде донесена до крајот на летото, а најдоцна до крајот на годината. Македонија ќе ја застапуава министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, а во тимот се и четворица странски професори по право и уште двајца нивни колеги од Правниот факултет во Скопје. Тужбата беше поднесена во ноември 2008 година, откако Грција во Букурешт истата година не дозволи нашата земја да стане членка на НАТО под привремената референца ПЈРМ.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG