Достапни линкови

Ситуацијата во Јемен се драматизира, тенкови во Сана


Сана 20.03.11

Сана 20.03.11

Тенкови и други оклопни возила се распоредени денеска во главниот град на Јемен, Сана, откако еден висок армиски генерал премина на страната на демонстрантите кои бараат оставка од претседателот Али Абдула Салех. Генерал мајор Али Мосен Ал Амар изјави во Сана дека им се придружува на демонстрантите. Во интервенцијата на безбедносните сили во петокот беа убиени десетици демонстранти, што предизвика масовни демонстрации за време на викендот во делови од Јемен. Претседателот Салех вчера ја распушти владата, меѓутоа дел од министрите и претходно планирале поднесување оставки.
XS
SM
MD
LG