Достапни линкови

Повторно чади од Фукушима


Од нуклеарната централа Фукушима во Јапонија, биле евакуирани работниците, откако се појавил сив чад од еден склад за нуклеарно гориво. Причината за чадот се испитува. Во меѓувреме, Светската Банка соопшти дека ќе бидат потребни 5 години за обнова на Јапонија по катастрофата и оти тоа ќе чини над 235 милијарди долари. Веројатно ќе има и пад на јапонскиот економски раст во првата половина од годинава. Досега е потврдено загинувањето на 8.600 луѓе, а околу 13.000 сеуште се водат како изчезнати.
XS
SM
MD
LG