Достапни линкови

Кина ги попречува е мајл пораките на Гугл


Гугл соопшти дека кинеската влада го нарушува и мејл сервисот и им го отежнува на корисниците пристапот до програмите на Гугл. Според претставници на компанијата, тие утврдиле дека нема технички проблеми во системот со пораките, а тешкотиите се резултат на софистицираните владини блокади, кои изгледаат како да има проблеми со Џи Маил. Кина е една од најригорозните земји кога станува збор за Интернетот и ги блокира најпопуларните сајтови, како Јутјуб, Фејсбук и Твитер.
XS
SM
MD
LG