Достапни линкови

Совладана воздушната одбрана на либискиот претседател Гадафи


Нападите во Либија

Нападите во Либија

Американските власти соопштија дека нивните сојузнички сили во Либија во изминативе два дена успеаа да ја совладаат воздушната одбрана на Моамер Гадафи и сега е ефективна зоната за забрана на летови на небото над земјата.
Во меѓувреме САД го отфрли прекинот на огнот од страна на силите на Гадафи, бидејќи тие веднаш го злоупотребиле прогласот.
Во главниот град Триполи вчера имаше експлозии и според извештаите една зграда на имотот на Гадафи била оштетена. Британските, француските и американските авиони погодиле тенкови и други возила на војската на Гадафи во јужниот дел на Бенгази.
XS
SM
MD
LG