Достапни линкови

Обновата на Јапонија ќе чини 235 милијарди долари


Светска банка соопшти дека обновата на Јапонија по катастрофалниот земјотрес, цунамито и нуклеарната криза ќе ја чини земјата 235 милијарди долари и ќе и бидат потребни пет години. Според банката катастрофата им предизвикала огромна штета на домовите и инфраструктурата во Јапонија.
Во извештајот е наведено и дека економскиот раст во Јапонија најверојатно ќе забележи пад во првата половина на годината, но растот ќе се зголеми со развојот на реконструкцијата на земјата.
XS
SM
MD
LG