Достапни линкови

Успешен референдумот за уставни измени во Египет


Гласањето на референдумот во Египет

Гласањето на референдумот во Египет

Египетските изборни лица соопштија дека на референдумот кој беше спроведен во земјата на 19 март биле одобрени уставните измени за одржување на парламентарни и претседателски избори во земјата, при крајот на годинава.
Според набљудувачите на референдум излегле околу 18 ипол милиони лица или 41 насто од тие што можат да гласаат и 77 насто од нив биле за спроведување на уставните измени.
Гласањето беше опишано како прва демократска манифестација по неколкудецениско местење на избори на кои секогаш победувал Мубарак.
XS
SM
MD
LG