Достапни линкови

Карзаи ќе објави кои области ќе ги контролира авганистанската војска


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска се очекува да соопшти кои покраини и градови ќе бидат првите кои ќе бидат под контрола на авганистанската војска, кога американските коалициони сили ќе ја предадат грижата за безбедност на властите од земјата.
Авганистанската војска треба да ја презеде контролата на некои области во јули, што е клучен чекор во евентуалното повлекување на 140 илјади странски сили кои се борат со Талибанците и нивните сојузници во Авганистан.
XS
SM
MD
LG