Достапни линкови

logo-print

Грчката полиција уапси петмина и заплени 2,5 тони марихуана


Грчката полиција попладнево уапсила пет грчки и еден абански државјанин и запленила 2,5 тони марихуана. Уапсените, чиј идентитет не се наведува, според полицијата се дел од меѓународна шверцерска организација. Дрогата, која била натоварена во камион, била запленета во близина на Лариса, но полицијата ја следела групата повеќе месеци. Според грчката полиција, како што пренесуваат албанските медиуми, дрогата била од Албанија а крајна дестинација и била лондонскиот нарко пазар.
XS
SM
MD
LG