Достапни линкови

Трет ден протести во Сирија, еден убиен


Едно лице е убиено а многумина се повредени во протестите кои веќе трет ден се одржуваат во градот Дара во Сирија. Илјадници демонстранти денеска повтоно маршираат по улиците на градот, само неколку дена откако полицијата уби четворица. Очевидци тврдат дека денеска вооружените сили фрлале солзавец и стрелале кон толпата луѓе кои бараат поголеми права и спроведување реформи во земјата.
XS
SM
MD
LG