Достапни линкови

Погодени 20 од планирани 22 мети во Либија


Либија, денеска

Либија, денеска

Командантот на Африканската команда на американаката војска изјави дека во денешните ракетни напади во Либија биле погодени 20 од 22-те планирани мети. Западните земји ја отпочнаа операцијата „Одисеја Зора“ (анг: „Odyssey Dawn“) или како што некои медиуми ја нарекуваат „Зората на Одисеј“, со цел да обезбедат доследно почитување на наредбата за затворање на воздушниот простор над северноафриканската земја, како и да ги спречат силите лојални на лидерот Моамер Гадафи кои ги напаѓаа цивилите и приврзаниците на опозицијата. Првата фаза од операцијата САД ја проценија како успешна. Пред странскиот напад, кој го иницираше Франција, биле убиени повеќе од 90 лица во градот Бенгази во источниот дел на земјата, центар на бунтовниците, јавија медиумите повикувајки се на болнички извори. Од Владата на Либија, пак, соопштија дека над 48 лица загинале а 150 биле повредени од почетокот на странската интервенција. Лидерот Муамар Гадафи најави „долга војна“ против, како што ја нарече „колонистичката агресија“.
XS
SM
MD
LG