Достапни линкови

Амбасадорот на Јемен во Обединетите нации си поднесе оставка


од протестите во Сана

од протестите во Сана

Амбасадорот на Јемен во Обединетите нации си поднел оставка од функцијата во знак на незадоволство од случувањата во неговата земја, јавија западните новински агенции. Реакцијата на Абдула Асанди следи по стрелањето на педесетмина демонстранти за време на протестите во главниот град Сана во петокот. Дваесет и осуммина од жртвите беа погребани денеска, настан кој предизвика ,масовен собир кој го контролираа безбедносните сили. Претседателот Али Абдула Салех кој е на власт повеќе од три децении, прогласи ден на жалост во земјата, обвинувајки ја опозицијата за немирите во Јемен.
XS
SM
MD
LG