Достапни линкови

logo-print

Првата фаза од „Одисеја Зора“ била успешна


Бенгази, денеска

Бенгази, денеска

Првата фаза од меѓународната операција за затворање на либијскиот воздушен простор е успешна, изјави денеска Мајкл Мулен, висок претставник на американската војска. Во првата фаза од заедничката меѓународна операција попозната како „Одисеја Зора“ беше предвидено стопирање на пешадиската офанзива на либијската војска во градот Бенгази. Од Владата во Либија соопштија дека најмалку 48 лица биле убиени а над 150 се повредени од почетокот на странската интервенција во северноафриканската земја. Воената интервенција стартуваше вчера со напад на француски борбени авиони, по што кон офанзивата се придружија и Америка и Британија. Бродови, подморници и авиони беа вклучени во извршувањето на првата фаза од операцијата. Дописник на новинската агенција „Ројтерс“ изјави дека десетици тенкови и други возила на либијската војска биле уништени во близината на градот Бенгази во источниот дел на либија, населено место каде се наоѓа центарот на бунтовничкото движење. Доктори во болница во градот за медиумите изјавија дека либијската пешадија убила повеќе од 90 лица. Лидерот Муамар Гадафи најави „долга војна“ против, како што ја нарече „колонистичката агресија“.
XS
SM
MD
LG