Достапни линкови

logo-print

Спроведена струја до два реактори во Фукушима


нуклеарката во Фукушима

нуклеарката во Фукушима

Првиот и вториот реактор во цетралата во Фукушима се приклучени на струја, соопштија јапонските власти, додавајки дека наскоро може да се очекува рестартирање на системите за ладење на јадрата. Операторот на централата изјави дека ќе бидат потребни уште неколку дена за повторно приклучување на третиот и четвртиот реактор во градбата која беше оштетена од силниот земјотрес и цунами брановите кои ја удрија земјата. Струја е потребна за ладење на сите шест реактори кои се оштетени во катастрофата. Јапонските власти соопштија дека откако ќе се решат проблемите, објектот ќе се исклучи од употреба. Ситуацијата во централата се оценува со петка, на скала од еден до седум. Согласно меѓународната класификација, со седмица се обележува нуклеарна катастрофа како Чернобил.
XS
SM
MD
LG