Достапни линкови

Повеќе од девеесетмина загинале во Бенгази во напад на либијската војска


Повеќе од 90 лица загинале во градот Бенгази , многумина од кои цивили, во напад на либијската пешадија, јавија медиумите, повикувајки се на болнички извори. Во меѓувреме, во тек е првата фаза од операцијата „Одисеја Зора“, чија цел е онеспособување на либијската војска и обезбедување услови за почитување на забраната за надлетување на северноафриканската земја. Француски британски и американски авиони, бродови и подморници, напаѓаат дваесетина мети во околината на градовите Бернгази и Мисрата. Либијскиот лидер Муамар Гадафи најави масовно наоружување на народот.
XS
SM
MD
LG