Достапни линкови

logo-print

Спроведена струја до вториот реактор во Фукушима


Работниците во нуклеарната централа во Фукушима успеаа да спроведат струја до системите за ладење на вториот нуклеарен реактор во објектот. Се очекува дека системот наскоро ќе биде рестартиран, со што ќе се избегне прегревање на јадрото. Инженерите неколку дена се обидуваат да спроведат струја во вкупно шест реактори, оштетени од земјотресот кој ја погоди земјата и предизвика цунами бранови. За сега нуклеарките се ладат со морска вода. Пожарникари од утрово истураат тони вода во обид да избегнат нуклеарна катастрофа. Во меѓувреме, тајванските служби регистрираа озраченост на прехрамбени производи по потекло од Јапонија, прва инстанца на озрачена извезена храна. Тајванските служби соопштија дека озраченоста не била опасна по човековото здравје. Јапонските власти забранија препродажба и извоз на прехрамбени производи кои потекнуваат од Фукушима. Ситуацијата во централата се оценува со петка, на скала од еден до седум. Согласно меѓународната класификација, со седмица се обележува нуклеарна катастрофа како Чернобил.
XS
SM
MD
LG