Достапни линкови

Уапсаен активист за човекови права во Бахреин


од немирите во земјата

од немирите во земјата

Безбедносните сили во Бахреин денеска го уапсиле првиот човек на здружение за заштита на човекови права, неколку дена по растурањето на протестите на Шиитите кои изразуваа незадоволство од сунитската монархија. Саид Јосиф од центарот за човекови права во Бахреин изјави дека полицијата го уапсила неговиот колега Набел Раџаб, кој ги обвини безбедносните сили во земјата за масакар. До сега десетмина се уапсени за време и по немирите кои избија на петнаесетти март. Меѓу останатите кои се зад решетки се и опозициски лидери како и доктори кои се пожалија дека властите употребиле прекумерна сила за време на немирите. Инаку, Кралот на Бахреин минатата недела прогласи вонредна состојба во неговата земја и ја предаде власта на војската. Воените сили се подржани од Советот за персиска соработка, организација која во кралството испрати 1,000 странски војници за смирување на немирите.
XS
SM
MD
LG