Достапни линкови

logo-print

Македонија и Грција ќе ги соочат аргументите пред Судот во Хаг


Пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг утре ќе почне јавната расправа по тужбата на Република Македонија против Република Грција заради кршење на Времената спогодба потпишана меѓу двете земји од 1995 година. Според агендата објавена на веб сраницата на Судот, јавната расправа ќе траедо 30 март, а ќе се одвива во две фази. Во првата утре и задутре својата аргументација пред судиите ќе ја образложи македонската страна, а на 24 и 25 март контра-аргументите ќе ги соопштат грчките застапници. Во втората фаза на 28 март тимот што ќе ја претставува Македонија ќе има можност да одговори усно на одбраната на Грција, а јавната расправа ќе биде заокружена на 30 март со завршниот збор на грчката страна.
XS
SM
MD
LG