Достапни линкови

Министерот Коњановски во официјална посета на Турција


Зоран Коњановски

Зоран Коњановски

Министерот за одбрана Зоран Коњановски од денеска до 23-ти овој месец ќе престојува во официјална посета на Република Турција. Во рамки на посетата министерот Коњановски ќе оствари одвоени средби со министерот за национална одбрана Веџди Ѓонул и командантот на вооружените сили на Турција, генералот Ишик Кошанер. За време на средбите ќе се разговара за безбедносна ситуација во Регионот и унапредувањето на билатералната соработка, при што ќе бидат разгледани можностите за соработка во областа на наменската индустрија и можностите и перспективата на новиот концепт за донација.
XS
SM
MD
LG