Достапни линкови

Денеска се очекуваат резултати од референдумот во Египет


од вчерашното гласање

од вчерашното гласање

Денеска во Египет се очекуваат резултатите од вчерашното референдумско гласање, кое се одржа по падот на авторитарниот режим на соборениот лидер Хосни Мубарак. Референдумот се спроведе за уставните измени кои ги предложи владеачкиот воен совет, кој ја контролира земјата по пасот на режимот. Илјадници жители на земјата вчера излегоа да гласаат, процес кој беше опишан како прва демократска манифестација по неколкудецениско местење на избори на кои секогаш победувал Мубарак. Гласањето се одвивало без поголеми проблеми, со само еден инцидент кој настанал кога група граѓани го нападнале нобеловецот Мухамад Ел Барадеи. Тој беше еден од група граѓани кои го повикуваа народот да гласа против референдумските предлози. Се очекува дека по вчерашното гласање, Египет ќе може да спроведе парламентарни и претседателски избори до крајот на годинава.
XS
SM
MD
LG