Достапни линкови

Лидерска средба кај претседателот Ѓорге Иванов


Од лидерската средба во февруари годинава

Од лидерската средба во февруари годинава

Претседателот Ѓорге Иванов за денеска закажа нова средба со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети и на Нова Демократија Имер Селмани. Средбата, што треба да се одржи доцна попладнево, е нов обид да се надминат отворените политички прашања во врска со предвремените парламентарни избори, бојкотот на Собранието и обновување на дијалогот власт-опозиција. Како што информираат од Кабинетот на претседателот Иванов, присуството на средбата со шефот на државата во претседателската вила „Водно“ го потврдиле сите партиски челници. Во петокот, претседателот Иванов требаше да одржи средба со лидерите на истите политички партии, но Црвенковски и Селмани не се одзваа на поканата. Шефот на државата пред два дена оствари средба со Груевски и Ахмети.
XS
SM
MD
LG