Достапни линкови

Нема струја во јапонската нуклеарка, пожарникари истураат вода во реакторот


Нуклеарната централа во Фукушима

Нуклеарната централа во Фукушима

Јапонските власти тврдат дека постигнале напредок во стабилизирањето на состојбата во оштетената нуклеарна централа во Фукушима. Сепак, зголемени нивоа на озраченост беа пронајдени во примероци од вода и храна. Надлежните велат дека пожарникарски екипи истураат тони вода во третиорт реактор со што се спречува прегревањето на јадрото. Продолжуваат напорите за рестартирање на пумпите за вода со спроведување на електрична енергија до системот. Како и да е, состојбата е се уште непредвидлива, тврдат властите, поради што целиот план се спроведува со максимална претпазливост. Реракторот беше оштетен во силниот потрес кој ја погоди Јапонија на еднаесетти овој месец, природна катастрофа која предизвика цунами бранови. Според официјалните евиденции, 7,650 лица настрадале во непогодата, додека 11,700 луѓе се водат за исчезнати.
XS
SM
MD
LG