Достапни линкови

logo-print

Гадафи ги отвори магацините за оружје, најави дефанзива на странските напади


Муамар Гадафи

Муамар Гадафи

Магацините за оружје се отворени и Либијците можат да ја бранат сопствената земја, рече либијскиот лидер Муамар Гадафи во тонска порака која се емитуваше преку државната телевизија.

„Потребно е да се отворат сите складови и да се вооружат масите со секакви видови оружје, за да се брани независноста, целината и честа на Либија“ изјави Гадафи, додавајки дека северна Африка се претворила во „вистинско бојно поле“.

Западните сили ја нападнаа северноафриканската земја откако власта не го испочитува затворањето на воздушниот простор и не се придржуваше кон примирјето кое самата го прогласи. Вчера, силите лојални на лидерот ги нападнаа бунтовниците во Бенгази, по што меѓународната заедница се ангажираше за спречување на насилството врз либијските жители. Прва реагираше франција, коај испрати 20 борбени авиони. Потоа, претседателот Барак Обама одобри ограничена воена акција врз Либија, затоа што, како што изјави, Моамер Гадафи продолжи да го напаѓа својот народ. Со тоа, според Обама, на САД и на сојузниците не им е оставен избор освен воено да одговорат. Пентагон веднаш потоа соопшти дека 112 ракети се истрелани од американските и британските бродови и подморници врз вкупно 20 цели.
XS
SM
MD
LG