Достапни линкови

Времето денеска облачно со услови за дожд


Времето ќе биде променливо облачно, на места со повремен дожд, а на планините со повремен снег. Ќе дува и умерен ветер, претежно од северен правец. Утринската температура се движи од два до седум степени, а дневната од осум до 13 степени целзиусови. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со услови за повремен дожд. Утринската температура ќе изнесува околу пет, а дневната до девет степени Целзиусови.
XS
SM
MD
LG