Достапни линкови

logo-print

Интервенцијата врз Либија


Канадски борбен авион се подготрвува да слета во базата на НАТО во Италија

Канадски борбен авион се подготрвува да слета во базата на НАТО во Италија

САД, Британија и Франција интервенираат во Либија. Се стрела со ракети од бродови и подморници. Акцијата ја почна Франција чии авиони нападнаа цели во Либија.

Американскиот Претседател Барак Обама одобри ограничена воена акција врз Либија, затоа што, како што изјави, Моамер Гадафи продолжи да го напаѓа својот народ. Со тоа, според Обама, на САД и на сојузниците не им е оставен избор освен воено да одговорат.
Пентагон веднаш потоа соопшти дека 112 ракети се истрелани од американските и британските бродови и подморници врз вкупно 20 цели.

„Воена акција не беше нашиот прв избор но не можеме да стоиме настрана кога тиранинот на сопствениот народ му вели дека нема милост“

изјава Барак Обама, кој денеска ја започна 5 дневната посета на Латинска Америка.

Франција испрати воени авиони кон Либија, со цел да ги спречат воздушните напади на либијскиот лидер Муамар Гадафи врз жителите на Бенгази, потврди денеска францускиот претседател Николас Саркози по средбата со лидерите во Версајскиот замок близу Париз.
Француските авиони се подготвени да ги спречат и тенковите на теренот околу Бенгази, град во истокот на Либија каде бунтовниците се судрија со следбениците на Гадафи.
Францускиот претседател дополни дека дипломатските врати со северноафриканската земја „може повторно да бидат отворени“, доколку Гадафи се согласи на барањата на меѓународната заедница.
Еден од дваесетте француски авиони веќе пукал кон тенк на либијската војска, јави американската телевизија „Си - Ен - Ен“, повикувајки се на француското Министерство за одбрана

Гадафи најави наоружување на народот

Муамар Гадафи
Магацините за оружје се отворени и Либијците можат да ја бранат сопствената земја, рече либијскиот лидер Муамар Гадафи во тонска порака која се емитуваше преку државната телевизија. „Потребно е да се отворат сите складови и да се вооружат масите со секакви видови оружје, за да се брани независноста, целината и честа на Либија“ изјави Гадафи, додавајки дека северна Африка се претворила во „вистинско бојно поле“.



Русија Жали

Русија жали за воената интервенција во Либија и побара прекин на насилството во северноафриканската земја, соопштија од Руското министерство за надворешни работи. Портпаролот на руското МНР Александар Лукашевич дополни дека резолуцијата на Советот за безбедност при Обединетите нации, со која се одобрува воена интервенција, била „усвоена набрзина“. Русија, земја членка на Советот за безбедност со право на вето, не го искористи своето право за оспорување на одлуката на Обединетите нации при гласањето на резолуцијата во четвртокот. Таа беше една од петте земји која беше воздржана во гласањето. Така, одлуката на светската организација беше усвоена со десет гласа „за“ и ниту еден „против“.


Непрекинатото насилство - повод за интервенција

Бенгази: цивгили масовно го напуштаат градот по претпладневните судири меѓу бунтовниците и силите на Муамар Гадафи

Официјален Триполи не прекина со насилството во земјата. Покрај ветувањата за примирје, силите лојални на лидерот Моамер Гадафи вчера почнаа да се пробиваат во предградијата на Бенгази.
Илјадници луѓе бегаа од ова населено место во источниот дел на земјата. Медиумите јавуваат дека за сега состојбата во градот се смирува, но нема подетални информации околу тоа дали силите на лидерот се уште се во градот.

САД ја подржуваат резолуцијата на ООН

Луѓето на Либија мора да бидат заштитени. Имајки предевид дека нема прекин на насилството, нашата коалиција е подготвена да дејствува, да реагира веднаш, изјави денеска американскиот претседател Барак обама за
од состанокот во Париз
време на посетата на Бразил, во врска со ситуацијата во северноафриканската земја. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон од Париз изјави дека Соединетите американски држави ќе ја охрабруваат забраната за надлетување на Либија.

„Нашата проценка е дека агресивните постапки на силите на Гадафи продолжија на многу места во земјата. Тоа го видовме во изминативе 24 часа.

Не видовме вистински напори на силите да се придржуваат кон примирјето“ рече Клинтон. „Нашата проценка е дека Меѓународната заедница треба да превземе постапки за да ја охрабри резолуцијата на Обединетите нации“, додаде Клинтон, појаснувајки дека одлуката на Советот за безбедност се цели кон заштита на цивилите и овозможување непречен проток на хуманитарната помош.
Во меѓувреме, американски, канадски и бразилски борбени авиони слетале во базите во Италија, јавија медиумите, повикувајки се на воени извори.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG